Се наоѓам во Москва на Денот на Победата, преку некои контакти добив пропусница за генералната репетиција за славната парада. Пробата, која е во секој поглед иста како и парадата (само без говорот на претседателот) се одржа на Црвениот плоштад на 7 мај. Таа беше затворена за пошироката јавност, а влезот, како што спомнав беше само со пропусници и со доста строги контроли, така да бев еден од привилегираните да присуствувам таму. Инаку, мината година веќе објавив фото репорт од парадата од Москва на 9 мај (за потсетување клик тука).
Причината што го објавувам ова нема никаква врска со некаква дневна политика. Јас сум доста поврзан со Русија, да се разбереме тоа е земја на големи контрасти. Во многу аспекти е понапред од нас, но човек во неа може да се судри и со разни проблеми. Така да таа не е за секого. Многупати сум патувал низ неа дур до Сибир (клик тука за потсетување на тие репортажи), го познавам јазикот (90%), сум имал тука цури, љубови и авантури, за малку и не се оженив тука (btw ми се бљува од нашата евровизиска „Русинка“), ме интересира културата на оваа земја, историјата, а впрочем победата над Хитлер е универзална придобивка, редно е да се одбележи.
Блогерајот е одамна мртов, ова го пишувам чисто онака за своите блог-пријатели да видат што има ново, колку да се закачи негде, ова не значи враќање кон блогирањето. Мислам, блогот на ВББ објавувал репортажи какви ни профи новинари не прават, така да овие стории заслужуваат промовирање на некое многу подобро место, а не во оваа жабокречина. Ова е само тизер за нешто поопширно во иднина. Одамна планирав такво нешто, но никако да се најде време сето тоа да се напише и да се изселектираат тоните фото и видео материјали.
Во продолжение некои фотки од главната проба за парадата (иако слика неможе да ја долови атмосферата). По нејзиното завршување отидов на Гробот на незнајниот војник во блискиот Александровски сад, каде гори вечниот оган. Голем број ветерани, воени лица и разни фаци у одела беа собрани да оддадат почит со полагање цвеќе. И таму во тој момент беше затворено за широката јавност, не знам како се најдов таму. Оддавање почит извршија и единиците кои учествуваа во парадата, па ми промаршираа сите буквално на 2 сантима од нос (види фотки при крајот). На крај полагање цвеќе се изврши и на споменикот на маршал Жуков. На последната фотографија можете да ги видите обичните смртници, кои немаа пристап кон местото, па гледаа и фотографираа преку ограда. Повеќе фотки другпат.



























прееска беше ватрометот. такво нешто не сте виделе. жбрадау жбрадау масовен поклич УРААА УРААА цел град 10 милиони жители. Времето беше добро денес се рашета народ, цури све у миничи, бини со музики, тезги со сувенири итд.
па где си бре ВББ. Глеам на предзадњава слика си ја кадросал горната глаа.
Сликите ти се од 7 мај, генералната проба на парадата!?
ти си друже едно големо Блогериште! Респект!
Бравос В. Ептен добар провод имај во Русија и со среќа во идните планови за она нешто поопширно во иднина. Иако не сум по воениве паради, ова и на слика делува … вау.
Стара блогерска школа си бе ВББ.
vbb, blaze Tebe sto si vo Rusija. Odberi si edna ubava rusinka i zeni si se. Pozdrav.
Препорачано на насловната на редизајнираниот Пинг.мк.
[...] blogger VBB posted [mk] an exclusive photo report from his attendance of the 2011 Victory Day Parade in Moscow. [...]