04 авгКусите репорти од патешествието

Пред извесно време бев на долго патување низ Русија и Украина. Два месеци патување сам со багаж од над 20 кила, скокање од воз во воз, од град во град, кој од кој поубав, од хотел во хотел, од кревет во кревет, среќавање најразлични ликови, преубави девојчиња, најразлични моменти, и пријатни и непријатни итн… итн…  тоа беше неверојатно искуство, какво многумина не доживуваат ни за 5 животи.  Се вратив со куп прикаски, фото и видео материјали, малку од тоа веќе објавив, но она најинтересното љубоморно го чувам, пошто таква Одисеја заслужува многу повеќе од оваа тиња, у која Блогерајот уште одамна се претвори. Додека не се соберат сили сето тоа да се објави и да се најде место и начин како тоа да се стори, еве чисто потсетување на кусите репортажи, кои ги објавував од лице место (со лаптоп и бежичен интернет, дал од хотели, од возови и сл.). Кликнете на линковите подолу:

Немам напишано за сите посетени места, просто беше невозможно, ги има уште еден куп. Ова не беше моја прва посета на тие простори, имам пишувано по интернетов и за претходните, а вакви долги патешествија сум имал и низ други земји (напр. за нашите читатели би било интересно да се спомне моето патешествие по Егејска Македонија, каде сам со ранец на грб ги имам поминато скоро сите градови). Но тогаш немаше блогови тоа да се преточи во пишан збор.

4 Responses to “Кусите репорти од патешествието”

  1. promenlivo вели:

    Си го видел пола свет, за два месеца.
    Сибир, како е времето во Сибир?
    Тајгата зелена.
    Ми се оди натаму, здравје, кедер гранче да скршам.

  2. vbb вели:

    генерално, насекаде беше многу жешко, но негде знаеше да ме изненади и тешко невреме, потоп, ветришта. зависи од место и време

  3. vbb вели:

    конкретно во Новосибирск беше многу пријатно и сончево

  4. [...] за секого. Многупати сум патувал низ неа дур до Сибир (клик тука за потсетување на тие репортажи), го познавам јазикот [...]

Place your comment

You must be logged in to post a comment.